Италијанските фудбалски клубови од најсилната лига во земјата можат да претрпат значителни финансиски загуби поради ситуацијата со коронавирусот. Поради домашните и странските права за пренос на средбите од Серија А, како и Купот на Италија, клубовите можат да загубат околу 430 милиони евра доколку не ја завршат сезоната, пресмета „Ла Република“.
Покрај тоа, имајќи ги предвид приходите во деновите на натпреварите и приходите од продажба на реквизити, бројката може да се зголеми на околу 700 милиони евра.
Доколку сезоната не заврши како што треба, клубовите ќе побараат помош од владата и министерот за спорт.
Официјално, Серија А е суспендирана до април, но најверојатно шампионатот ќе продолжи во сабота, на 2 мај.