Клаудио Браво го напушти Манчестер Сити

Од:

Клаудио Браво, голманот на репрезентацијата на Чиле, ги напушти редовите на Манчестер Сити по четири години.

Браво дојде во Сити од Барселона во 2016 година, а од „Етихад“ заминува по истекот на неговиот договор.

Тој беше меѓу првите играчи што тренерот Пеп Гвардиола ги донесе во Сити. Со клубот, тој освои две титули во Премиер Лигата, два Лига Купови и два трофеи од „Комјунити Шилд“.

– Благодарни сме на Клаудио на четирите години што ги помина во клубот и му посакуваме среќа во продолжението на неговата кариера, изјавија од Манчестер Сити.

Браво (37) одигра 61 натпревар за Сити, од кои најмногу играше на натпревари во Купот, по лошите игри во првата сезона во клубот. Во втората сезона во Сити, тој стана резерва за Бразилецот Едерсон.

Браво успеа да ја зачува својата мрежа на 20 натпревари.

Тој одигра 123 натпревари за репрезентацијата на Чиле.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити е новиот шампион на Англија

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли