Ќе мора да има ВАР технологија на 26 март во Скопје

Од:

На натпреварот од полуфиналето во Лигата на нации, група Д, помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово, закажан за 26 март во Скопје, по првпат кај нас ќе се применува ВАР технологијата.

Ова значи дека судиите ќе може да гледаат повторена снимка за да видат нешто што евентуално не го виделе на теренот на стадионот „Тодор Проески“, и да признаат или поништат некој гол. Досега кај нас немало примена на модерната видео асистенција за судиите.

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, денеска на состанокот во Нион, нареди задолжително користење на ВАР на баражите за Европското првенство, а побара да има ВАР и на сите мечеви од квалификациите за СП 2022, но за тоа треба дозвола и од Светската фудбалска федерација, ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

Англија ја совлада Ирска