Кирил Георгиев од Бугарија победник на Божиќниот турнир во шах – Карпош 2013

Од:

Кирил Георгиев од Бугарија е победник на годинашниов Меѓународен божиќен шаховски тунир што традиционално го организира општина Карпош. Интернационалниот мајстор Георгиев е и минатогодишен победник на „Опен Карпош“, кој си замина дома со 21.000 денари, колку што изнесуваше првата награда на годинашниот Божиќен турнир.

Второто и третото место им припадна на шахистите од Србија, Горан М. Тодоровиќ и Борољуб Златановиќ кои освоија по 15.000, односно 13.000 денари.

На Меѓународниот божиќен шаховски турнир учествуваа 107 натпреварувачи од Македонија и странство, а градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски ги прогласи најуспешните натпреварувачи во оваа игра и им ги врачи наградите.

Најдобро пласираниот Македонец на овој турнир, Владимир Георгиев, го заслужи четвртото место со освоени 7.150 денари. Петтото место му припадна на Трајко Недев, исто така од Македонија кој освои 6.150 денари. По нив следеа Оливер Органџиев (Македонија), кој за освоеното шесто место, доби 5.150 денари. Седмото место му припадна на Драгољуб Јачимовиќ (Македонија) кој освои 4.650 денари. На осмо место се најде Дејан Стојановски (Македонија), со освоени 4.150 денари. По 3.650 денари освоија деветто пласираниот Зоран Новоселски (Србија) и десеттиот на оваа табела, Велислав Куков (Бугарија). Единаесеттото место го освои Звонко Станојоски (Македонија) кој со својот сонародник Влатко Богдановски, за освоеното дванаесетто место, зедоа по 3.150 денари. Тринаесеттото место му припадна на Тоде Куков (Македонија), кој освои награда од 2.150 денари.

Во категоријата за млади шахисти до 18 години, победи Тони Лазов (Македонија), со освоени 2.000 денари. Како најуспешна од шахистките, се истакна Бугарката Стефи Бедникова, која освои 2.000 денари. Од ветераните до 60 години, Љупчо Костовски (Македонија), ја освои наградата од 2.000 денари. Во категоријата „Рејтинг до 2100“ наградата вредна 2.000 денари ја освои Никола Николовски (Македонија).

Би можело да ве интересира

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира