Кина фуриозно ги почна Игрите во Токио, два златни медали со олимписки рекорди на стартот

Од:

Кинеската олимпијка Хоу Џихуи (24) го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 48 килограми, поставувајќи нов олимписки рекорд.

До златниот медал, втор за Кина на првиот натпреварувачки олимписки ден, Џихуи дојде со вкупно кренати 210 килограми, осум килограми повеќе од „сребрената“ Индијка Чану Мирабаи. Бронзениот медал и припадна на Винди Кантике Аисах од Индонезија (194).

Претходно денеска, Јанг Кијан стана првиот спортист на Игрите во Токио, кој освои златен медал, триумфирајќи во дисциплината 10 метри воздушна пушка со нов олимписки рекорд.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски