Кими Раиконен го постави најбрзото време на тренинзите во Барселона

Од:

Денеска беше последниот ден од тестирањата во Барселона пред почетокот на новата сезона, а возачот на Ферари, Кими Раиконен го заврши денот, но и вкупните тренинзи со најбрзо време.

Раиконен беше единствен на овие тестирања со време под 1 минута и 19 секунди, возејќи 1.18.634 на супермеката компонента. На втората позиција денеска се најде возачот на Ред Бул Макс Ферстапен со скоро секунда побавно време.

Финецот беше еден од четири возачи кои денес извозија повеќе од 100 круга и покрај проблемот кој што го имаше кога болидот му запре на сред патеката. Денес беше продуктивен ден и за тимот на Торо Росо, за кои возачот Карлос Саинц извозе 132 круга и оствари трето време.

Актуелниот шампион во конструктори, Мерцедес, денес имаше тивок ден, а нивните возачи Валтери Ботас и Луис Хамилтон завршија четврти и петти со извозени вкупно 107 кругови.

Првата трка од новата сезона во Формула 1 треба да се вози во Австралија на 26. март, а според првичните покажани перформанси возачите на Мерцедес и Ферари се главните фаворити.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ