Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон го одбележа митингот од „Дијамантската лига“ што синоќа се одржа во Монте Карло, истрчувајќи светски рекорд во трката на една милја.
Кипјегон (29) истрча една милја за 4:07.64 што е за дури 4.69 секунди побрзо од досегашниот светски рекорд што беше во сопственост на Новозеланѓанката Сифан Хасан, а беше поставен пред четири години, исто така, во Монте Карло.
За фантастичната Кипјегон ова е веќе трет светски рекорд оваа година во која претходно постави нови светски рекорди на 1.500 метри, во Фиренца, и на 5.000 метри, во Париз.