Американската спринтерка Кендра Херисон постави нов светски рекорд во трката на 100 метри со пречки.
Херисон на митингот во Лондон, кој е дел од Дијамантската лига трчаше 12,20 секунди и успеа да го собори 28 години стариот рекорд на Бугарката Јорданка Донкова кој изнесуваше 12,21.
Сепак Херисон нема да има можност да го нападне сопствениот рекорд на ОИ во Рио де Жанеиро бидејќи не успеа да се квалификува за настап на Игрите.
Оваа 23-годишна атлетичарка на 100 метри со пречки го освои шестото место на американските квалификации.