Кејн ќе го пропушти натпреварот Тотенхем – Манчестер сити

Од:

Напаѓачот Хари Кејн ќе го пропушти почетокот на сезоната во Премиер лигата без оглед во кој клуб игра. Тотенхем ќе игра со Манчестер сити во првото коло од англискиот шампионат и, најверојатно, Кејн нема да учествува на овој натпревар.

Како дел од репрезентацијата на Англија, фудбалерот стигна до финалето на ЕВРО 2020, па ќе добие дополнително време за одмор, пишува „Телеграф“.

За потсетување, Кејн сака да се пресели од Тотенхем во Манчестер сити, но лондонскиот клуб сè уште не го пушта да замине.

Минатата сезона, Англичанецот, кој во средата наполни 28 години, одигра 35 натпревари во Премиер лигата, постигна 23 гола и направи 14 асистенции.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска