Казна од една плата за играчите и тренерите на МЗТ Скопје

Од:

Управата на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска донесе одлука за изрекување казна во висина од една плата за кошаркарите и стручниот штаб и тоа поради лошите резултати остварени од почетокот на сезоната, кои ниту од далеку не го оправдуваат досега вложеното во нив, како и поради (не)залагањето и индолентноста кои и тоа како можеа да се забележат на натпреварите и на тренинзите.

– Играчите и тренерите ги имаат сите услови за работа, кои се подобри од голем број екипи што се натпреваруваат во АБА-лигата, исплатите на платите се во предвидениот рок, поради што е уште поголемо разочарувањето од фактот што досега се остварени само две победи во дури 13 одиграни средби. Се надеваме дека оваа одлука ќе делува позитивно кај кошаркарите и стручниот штаб, кои во иднина ќе почнат да го даваат својот максимум за да се најде излез од кризата и да се почне со остварување на резултати кои би биле адекватни на вложените средства и на очекувањата како на управата така и на навивачите на МЗТ Скопје Аеродром, стои во соопштението на клубот од Аеродром.

Прва можност „сино-белите“ да се вратат на победничките патеки е задутрешниот дуел на домашен терен против литвански Лиеткабелис во рамки на 6. коло од Еврокупот.

Следниот дуел од АБА лигата МЗТ Скопје ќе го има в петок (18 ноември) кога во „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на ФМП во рамки на 10. коло.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он