Кавани патува во Англија да потпише двегодишен договор со Манчестер јунајтед

Од:

Напаѓачот Единсон Кавани утре патува за Англија за да потпише договор со Манчестер јунајтед, објавија некои англиски медиуми.

Договорот со 33-годишниот Уругваец ќе биде со важност до јуни 2022 година.

Утре Кавани ќе биде подложен на медицински преглед во Манчестер јунајтед. Напаѓачот се очекува да игра со ПСЖ, неговиот поранешен клуб, во Лигата на шампионите на 20 октомври.

Минатата сезона Кавани одигра 22 натпревари за парижаните, постигна седум гола и направи три асистенции.

Порталот „transfermarkt.de“ го проценува фудбалерот на 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска