Катерхем и Марусија ги претставија своите болиди во Херез

Од:

Тимовите на Марусија и Катерхем ја го искористија почетокот на тестирањето во Херез за промоција на нивните болиди за сезоната 2013.

Она што е интересно кај промоцијата на болидот на Марусија е дека за прв пат откако тимот се натпреварува во Формула 1, за развојот на болидот е користен воздушен тунел, наместо досегашната практика на тимот со користење на програми за компјутерска флуидна динамика. Охраберни од новиот технички директор Пет Симондс, целта на тимот на Марусија е да заврши пред својот ривал во опашката, а тоа е тимот на Катерхем. Засега, тимот го има потврдено Макс Чилтон како возач, додека сеуште се чека името за второто место во тимот по напуштањето на Тимо Глок.

За разлика од Марусија, тимот на Катерхем представи еволуција на минатогодишниот болид, вклучувајќи го коанда издувниот систем, но и одлуката да не се користи помошниот панел на предниот дел од болид. Болидот беше представен од страна на новите возачи на Катерхем, Шарлс Пик и Гвидо ван дер Гард.

Тимскиот шеф Кирил Абитебул изјави дека тимот има основа за успех оваа година, како и постулат за развој на болидот за сезоната 2014.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он