Каснувањето на Суарез стана маркетиншка атракција во Бразил

Од:

Туристите од Бразил  деновиве не се враќаат дома без фотографии на кои каснувањето на Луис Суарез. Секако, не вистинското, туку од рекламата на „Адидас“.

Уругваецот Луис Суарез стана наголема атракција на 20-то Светско првенство во фудбал. Го поддржуваат, го критикуваат, прават цртани филмови и клипови за него…..

Сега и онлајн социјалните мрежи се преплавени со фотографии на кои фудбалерот од рекламното пано ги „каснува“ туристите, па,се чини, дека  деновиве нема странец во Бразил кој не се сликаше со забите на Суарез.

Откако излезе на теренот и го касна колегата од репрезентацијата на Италија, Џорџ Кјелини, уругвајскиот спортист доби забрана за играње фудбал во слендите четири месеци.

Независната комисја на ФИФА немаше милост, па по суспензијата што подразбира пропуштање девет меѓународни натпревари, фудбалерот го исфрли и од хотелот во Рио де Жанеиро, каде е сместена репрезенатцијата на Уругвај.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска