Касиљас нема да учествува во трката за функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација

Од:

Поранешниот голман на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација, Икер Касиљас соопшти дека нема да учествува на изборите за претседател на тамошната фудбалска федерација.

– Главната причина што ја донесов оваа одлука е посебната социјална, економска и епидемиолошка состојба што се разви во Шпанија. Затоа, изборите ќе бидат во сенка на ситуацијата во земјата. Ова не значи дека засекогаш ја затворам оваа врата. Сакам изборите да бидат фер и отворени, што ќе биде од полза за шпанскиот фудбал, но во оваа ситуација не би сметал на тоа, изјави Касиљас.

Претходно беше објавено дека 39-годишниот голман има намера да му се спротивстави на досегашниот шеф на шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубиалес.

Претседателските избори на шпанската фудбалска федерација ќе се одржат оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

На Касилјас му здодеало да го поврзуваат со сите убави жени, па објавил….дека е геј!

Касилјас шокираше: Јас сум геј, се надевам ќе ме почитувате

Касилјас демантира дека е во врска со Шакира, која неодамна се раздели од Жерард Пике!

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски