Карпош Соколи се избори за мајсторка против МЗТ Скопје

Од:

Екипата на Карпош Соколи се избори за петти решавачки натпревар против МЗТ Скопје Аеродром во финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

На четвртиот меч од финалната серија, синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ кошаркарите на Карпош Соколи го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 86-78 (26-25, 30-14, 9-22, 21-17), со што го израмнија резултатот на 2-2 во победи и се изборија за „мајсторка“.

По петмина играчи во двата тима средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Кај победникот, а воедно и на натпреварот, најмногу имаше Кендрик Пери 24, додека кај МЗТ Скопје по 17 поени постигнаа Стефан Синовец и Данило Мијатовиќ.

Годинашниот шампион на Македонија ќе се решава во последниот петти меч кој ќе се игра в среда (24 мај) во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он