Кардиф по 51 година во елитата!

Од:

Кардиф Сити стави крај на 51-годишното отсуство од елитата во англискиот фудбал и си обезбеди промоција за Премиер лигата по ремито со Чарлтон синоќа. Долго чеканиот момент ги натера навивачите на велшкиот тим да извршат инвазија на теренот веднаш по последниот судиски сигнал.

Во еден момент настана сериозна конфузија и покрај огромната радост, дел од гледачите беа лути дека излезите на стадионот се блокирани и изразија незадоволство со свирежи. До инциденти сепак не дојде и сите го прославија успехот, дојде денот, во кој пред 53 години Кардиф ја победи Астон Вила и за последен пат се искачи на врвот . Навивачите бурно и аплаудираа на играчите и менаџерот Маки Мекеј .

“Многу сум среќен! Гледам толку блескави лица. Во наредните денови ќе сфатиме што сме постигнале. Факт е дека сите во клубот завршија одлична работа и се радувам за нив. Вечно ќе сум благодарен на раководството, фудбалерите и фановите за поддршката кон мене во овие 18 месеци. Се надевам барем малку да вратив”, изјави менаџерот на сините птици Мали Мекеј.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска