Фудбалската федерација на Камерун покрена официјална истрага за обвинувањата дека седумина фудбалери на оваа африканска репрезентација учествувале во „местење на резултатите“ на Светското првенство во Бразил.
Истрагата е насочена на сите три меча во групата во која беа Бразил, Хрватска и Мексико во кои Камерунците претрпеа три порази.
Посебно се испитува натпреварот со Хрватска, оддржан на 19 јуни, што репрезентацијата на Камерун го загуби со 4-0, откако камерунскиот фудбалер Алекс Сонг беше исклучен, по непотребното и намерно удирање од зад грб на хрватскиот играч Марио Манџукиќ.
Германскиот неделник „Шпигл“ прв објави дека камерунски фудбалери учествувале во „местење“ на резултатите на нивната репрезентација, што било највидливо во мечот со хрватсата селекција.
Весникот тврди дека зад оовој случај стои познат „фиксер“ од Сингапур кој и порано е обвинуван за заговор околу местењето на фудбалски резултати за потребите на разгранетата мрежа кладилници низ Азија.
Според „Шпигел“ по убедливиот пораз на Камерун од Храватска дошло и до инцидент во соблекувалната на Камерунците, откако се степале неколкумина нивни фудбалери.
Во соопштението на Фудбалската федерација на Камерон се вели дека во многу кус рок ќе се иситаат сите овие обвинувања и ќе се донесат решенија, но нејзин претставник изјави дека камерунските фудбалски власти остро ги осудуваат сите неспортски појави на теренот и околу него.
Камерунската репрезентација имаше проблеми уште пред заминувањето за Бразил. Фудбалерите одбија да се качат во авионот со кој требаше да отпатуваат на Светското првенство, незадоволно од висината на финансиската надокнада што треба да ја добијат за својот настап на Светското првенство.
Преговорите траеја 24 часови пред фудбалерите да се убедат да патуваат за Бразил. ФИФА засега не ги коментира ниту сомнежите за местење на резултатите на камерунската репрезентација, ниту најавата од Јаунде за покренување на формална истрагата.
Тренерот на камерунската репрезентација Фолкер Финке изјави дека „некои фудбалери се однесуваа крајно лошо, па затоа Камерон загуби толку убедливо од Хрватска“. Тој уште вели дека тоа што камерунската репрезентација остана со десет играчи „не е причина за убедливиот пораз“.