Каменица Саса и Беласица одиграа реми без голови

Од:

Каменица Саса и Беласица одиграа реми без голови во дерби натпреварот од Втората фудбалска лига – Исток во чии рамки на Градскиот стадион во М.Каменица се одигра натпреварот од 14 коло во оваа конкуренција.

Од стручниот штаб на домаќините, изразија задоволство од прикажаната игра на своите избраници, но не и од резултатот, потенцирајки дека сепак условите на теренот ја диктирале играта на првотимците.
-Тежок терен за игра. Неколку шанси на двете страни, но голманските мрежи останаа мирни во текот на 90′ од натпреварот. Епилогот е дека мораме подобро за да ги задржиме шансите за највисок пласман, истакнаа од ФК „Каменица Саса“.
По овој натпревар Каменица Саса е трета со 28 освоени бодови, четири помалку од Слога Виница, која со 32 бодови е лидер на табелата.
Во следното 15 коло каменичани и гостуваат на екипата на Кит-Го од Пехчево.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска