Камачо доби отказ од Кина

Од:

Кинеската фудбалска асоцијација соопшти дека го отпушта селекторот Хозе Антонио Камачо. Отказот за шпанскиот стручњак доаѓа по минатонеделниот пораз од Тајланд со 5:1. Во соопштението се наведува дека двете страни се согласиле за раскин на договорот, а дополнително ќе бидат дефинирани финансиските детали. Годишната плата на шпанскиот стратег изнесуваше осум милиони евра.

Камачо за помалку од две години, колку што е на клупата на кинеската репрезентација, не успеа да ги исполни очекувањата федерацијата и немаше остварено позначајни резултати. Билансот на репрезентацијата на Кина под водство на Камачо е седум победи, 11 порази и две нерешени средби.

Би можело да ве интересира

Најубавата фудбалерка на светот има над 15 милиони следбеници, повеќе заработува надвор од теренот

Тренерот на ЦСКА Софија удрен во главата

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Хрватска го вклучи алармот: „Грците планираат пробив со озлогласените белграѓани“ во Сплит и Загреб“

Предраг Петровиќ

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни