Каевски: Во постојана комуникција сме за координација околу почнување на спортските активности

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски вели дека е во постојан контакт со повисоките институции за координација околу почнување на спортските активности.

-Постојано со сите национални институции сме во контакт околу отпочнување на индивидуалните спортови, како и тренажен процес во колективните спортови. Примерите на одредени држави ни даваат примери и практики како да размислуваме спортот да започне да функционира, но најважно е здравјето, рече Каевски денеска во Тетово каде заедно со заменик-директорот, Измит Нура извршија увид во градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во општина Тетово, дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени”.

Базенот воТетово, започна да се гради на 9 февруари, а според Каевски добро се одвива динамиката на изградба на објектот.

-Драго мие што можам да кажам дека оди според предвидената динамика, со забрзано темпо и предвидениот рок за примопредавање на овој затворен пливачки базен е септември 2021 година , но во разговорот со изведувачите и со ваквото темпо на функционирање очекуваме до крајот на оваа година или почетокот на следната година во текот на првите месеци да имаме функционален пливачки базен во општина Тетово. Се наоѓаме пред еден исклучителен важен период каде што пред се треба да се справиме со една друга наша борба со Ковид 19, но исто е важна и спортската инфраструктура затоа што по завршување на кризата, која верувам ќе биде за брзо време ќе треба да ги подигнеме и спортските стандарди и здравите начини на живот пред се кај најмладите. Токму овој пливачки базен ќе биде во таа насока да го подигне стандардот и младите што повеќе да спортуваат, рече Каевски.

Воедно според Каевски базенот во иднина ќе им помогне на граѓаните преку спортување да го одржуваат здравјето.

-Пливачките базени се во насока на отстранување на деформитетите и лошите влијанија што постојат врз младите и токму преку овие базени треба да се надминат и да се премине во здрав начин на жвиот. Се надевам дека ќе ја подигнеме спорткската инфраструктура и ќе влиајеме нашата држава да се развива, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски