(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Од:

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу. СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски. Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.
Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор, загарантирана со Устав, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работата за јавниот интерес. За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите. ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила.

Во демократска држава во април мириса на пролет а со ДПМНЕ на чело на МВР кај нас мириса на режим. Се уште се свежи сеќавањата за апсењето на новинарот Кежаровски. Ова значи дека нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата режимска партија. Уште еднаш, СДСМ бара новинарот веднаш да биде ослободен. Заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине. Заедно со граѓаните ќе направиме сѐ што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму а полициската бруталност да биде спречена – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Каевски: Нема промени во ДПМНЕ, тие што го блокираа европскиот пат повторно на изборните листи

Предраг Петровиќ

Каевски: Со новата програма имаме План за европска иднина на Македонија

Катерина Ѓуровски