Во првичниот календар за распоред на Формула 1 трки во 2015 година се појави името на Јужна Кореја како организатор, но одржувањето на таа трка закажана за мај се уште не е потврдено, а Корејците се изненадени од оваа вест која ја објави Светската автомобилска асоцијација (ФИА).
– Не сме известени за такво нешто. ФИА само го објави календарот на кој се појави нашето име. Не е лесно да се организира трка. Мислењата во Кореја се поделени и не сме сигурни дека ќе можеме да им бидеме домаќини на учесниците во Ф1 караванот, соопштија Корејците.
Следната година повторна организација на Ф1 трка доби Мексико, а можна алтернатива за Јужна Кореја е Индија.