Јувентус не се откажува: Двајца играчи плус готовина за Погба

Од:

Во никој случај „старата дама“ не се откажува од поранешниот ас.

Јувентус и понатаму сака да го врати Пол Погба, па се појавија вести за плановите за реализација на оваа намера.

Италијанскиот шампион понудил двајца свои играчи во понудата кон Манчестер Јунајтед, а подготвени се да доплати дел од парите.

Познато е дека клубот од „Олд Трафорд“ сè уште бара 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред, а за да ја намали цената, Јуве им ги понудил на Јунајтед Адриен Рабио и Арон Ремзи.

Тренерот Маурисио Сари не смета на нив, но се проценува дека Оле Гунар Солскјер би знаел како да ги користи во неговиот тим.

И покрај оваа понуда и фактот дека иднината на Погба е постојано поврзана со гласините дека тој ќе ја напушти Премиер лигата, за него е реална опција да остане во Јунајтед, со кого има договор до 2021 година и годишна плата од 17 милиони евра.

Времето е такво што малкумина се заинтересирани да издвојат 150 милиони евра за него сега.

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ