Јунајтед ремизираше кај Топџиите

Од:

Тимот на Арсенал одигра нерешено во дербито со Манчестер Јунајтед и со овој резултат полека ја губи трката за третата позиција со екипата на Челзи.

Сините од Лондон на свој терен го победија Свонси и сега имаат бод повеќе од Арсенал, но и натпревар помалку што ги прави прв фаворит за освојување на третата позиција која обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите.

Постигнати резултати на денешните три средби од 35.коло во англиската Премиер лига: Рединг – Квинс Парк Ренџерс 0:0, Челзи – Свонси 2:0 и Арсенал – Манчестер Јунајтед 1:1.

Со нерешениот резултат во меѓусебниот дуел, Рединг и КПР на три кола до крајот на првенството ги изгубија и теоретските шанси за опстанок во лигата.

Табела: Манчестер Јунајтед 85 бода, Манчестер Сити 71, Челзи 65, Арсенал 64, Тотенхем 62, Евертон 59, Ливерпул 54,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска