Манчестер јунајтед се подготвува да понуди нов договор и уште поголема плата на Пол Погба во обид да го задржи на „Олд Трафорд“, пренесува „Дејли Стар“.
Тековниот договор на францускиот репрезентативец истекува за 12 месеци и сè уште не е потврдено дали ќе биде обновен. 27-годишниот играч од средниот ред неколкупати навести дека може да го напушти „Олд Трафорд“.
Еден од шефовите на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард изјави дека Јунајтед сака да го задржи Погба барем до летото 2024 година.
Французинот се врати во Манчестер од Јувентус во 2016 година.