Јовановски се вклучи во работата на Академија Пандев

Од:

Првиот тим на ФК Академија Пандев, заминува на подготовки во Банско со нов кондициски тренер. Иван Јовановски кој работи со националната А селекција која е под водство на селекторот Игор Ангеловски, сега се придружува и на струмичкиот тимкој избори пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Подготовките на Академија Пандев ќе траат две недели, Јовановски ќе има удел во работата на првата постава на тимот, а ќе работи и со помладите тимови на Академијата.

Јовановски има богато искуство во повеќе интернационални и домашни тимови. Има работено во Генчлербирлиги Анкара во Супер лигата во Турција и четири години во Интер Баку во Азербејџан. Исто има работено со најтрофејниот бугарски тим ЦСКА Софија и Лудогорец од Разград. Јовановски има работено и со голем број македонски тимови.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска