Јовановски: Одигравме најслабо сезонава

Од:

Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски, изјави дека на дуелот со Шкендија во Тетово кој неговиот тим го загуби со 6:2, фудбалерите одиграле под нивото и најслабо од почетокот на сезоната.

– Добивме убава лекција од Шкендија. Го одигравме најслабиот натпревар оваа сезона и очигледно е дека ќе мораме да исправиме многу грешки во нашата игра. Секој фудбалер ќе треба добро да се замисли како одиграл и во иднина да се труди да биде многу подобро, секако, сето тоа вклопено во еден тимски дух. Сепак, нема да дозволиме овој пораз да не вовлече во непосакувани води и мораме веднаш да се фокусираме на следниот меч, нагласува Јовановски во изјавата за клупската веб страница.

Следен предизвик за „романтичарите“ е веќе в среда во осминафиналето во Купот на Македонија, кога му гостуваат на Тиквеш.

– Ќе се насочиме максимално на тој дуел, а во наредните дваесетина дена не очекуваат дури седум натпревари, потенцира шефот на стручниот штаб на Работнички.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска