Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи пад од осум позиции на најновата АТП ранг листа објавена денеска. Тој сега се наоѓа на 584.место со 52 поена.
Од другите македонски тенисери со ранг на АТП, Горазд Србљак е на 1.207 место (скок од 69 позиции) со 6 поени, Димитар Грабул се наоѓа на 1.561-та позиција (скок 309 места) со 2 поена, додека Бесир Дургути има 1 поен и е на 1.948 место (пад 78 места). зс
Нема големи промени во ТОП 10. Местата си ги сменија само Зверев и Тим додека другите го задржаа пласманот:
1. Енди Мареј 7.750 поени
2. Рафаел Надал 7.555
3. Рожер Федерер 7.145
4. Стан Вавринка 5.780
5. Новак Ѓоковиќ 5.325
6. Марин Чилиќ 5.155
7. Александер Зверев 4.470
8. Доминик Тием 4.030
9. Кеи Нишикори 3.285
10. Милош Раониќ 3.230.