Јотовски поразен во првото коло во Трст, Мицов и Деари се пласираа на главниот турнир во Нови Сад

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е поразен во првото коло на фјучрсот во Трст, што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тој по три часа игра загуби од Италијанецот Андреас Цирлети со 2-1 во сетови (6:2; 6:7 (3:7) и 6:4).

Јотовски во вториот сет успеа да спаси и меч топка на ривалот, а откако изедначи на 1-1 во сетови го загуби решавачкиот сет. Јотовски попладнево против Џирлети ќе игра и во конкуренција на двојки. Јотовски игра со Аугусто Вирџили од Италија, а Цирлети игра заедно со Франко Капалбо од Аргентина.

Двајца македонски тенисери успешно ги минаа квалификациите на фјучрсот во Нови Сад што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Стефан Мицов денеска го совлада Максимилијан Гатев од Швајцарија со 2-0 во сетови, а Шендрит Деари беше подобар од Стефан Латиновиќ од Србија со истиот резултат. Двајцата постигнаа по три победи во квалификациите.

Двајцата немаа многу среќа со ждрепката на главниот турнир. Мицов за противник го доби Џонатан Мридха од Шведска (трет носител), а Деари ќе игра против Елмар Ејуповиќ од Германија (петти носител).

Би можело да ве интересира

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Наум Локоски

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Наум Локоски