Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Хамамет, Тунис.
Тој попладнево заедно со Горан Марковиќ од Србија во четвртфиналето во игра на двојки загубија со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3 во гемови) од Хари Хелиовара од Финаска и Иван Жу од САД.
Во првиот сет Јотовски и Марковиќ испуштија водство од 4:2 во гемови и противниците го добија сетот со 7:5, додека во вториот сет нерешено беше до 3:3 во гемови кога повторно ривалите имаа серија од три гема за конечен триумф.
Јотовски е пријавен да настапува и на следниот фјучрс во Тунис што почнува во вторник.