Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Трст (награден фонд 25.000 долари) откако денеска е поразен и во конкуренција на двојки. Тој и Аугусто Вирџили од Италија загубија од Томислав Бркиќ (БиХ) и Милан Радојковиќ (Србија) во четвртфиналето.
Првиот сет Јотовски и Вирџиили го добија со 6:3 во гемови, а во вториот противниците беа подобри со истиот резултат. Во решвачкиот сет Бркиќ и Радојковиќ беа поуспешни со 10-7 на поени.
Во поединечна конкуренција нашиот најдобар тенисер загуби во првото коло.