Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Тој во 1.коло денеска го победи Французинот Луи Теса со 2-1 во сетови, притоа во решавачкиот сет спаси и меч топка. Мечот меѓу Јотовски и Теса траеше 2 часа и 55 минути.
Првиот сет му припадна на Французинот со 6:4 во гемови, во вториот беше 6:3 за Јотовски, а решавачкиот сет нашиот тенисер го доби во тај брекот со 7:4 на поени. Во следното коло Јотовски ќе игра против Русинот Иван Неделко.
Јотовски на турнирот утре ќе игра меч од 2.коло и во игра на двојки заедно со Шендрит Деари.