Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски забележа голем напредок на најновата АТП ранг листа објавена денеска.
Јотовски, кој минатата недела беше рангиран на 777 место на АТП листата, сега бележи скок од дури 161 место и на најновата листа македонскиот тенисер е рангиран на 616-тата позиција.
Јотовски сега има 43 поени, откако му беа запишани 18-те за триумфот претходната недела во Телави, Грузија, но сеуште не се пресметани во бодовите кои ги освои со пласманот во полуфиналето на вториот турнир.
Затоа за очекување е Јотовски на следното рангирање да се пробие до 584 место, колку што во моментов имаат играчите со освоени 49 поени.