Томислав Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија откако беше совладан од Шахин Кхаледан од Иран во два сета со 6:1 и 6:4.
Тој загуби и во играта во двојки, каде што заедно со канаѓанецот Павел Краиник го предадоа мечот по првиот гем во натпреварот против Михаил Балмашев и Данил Чорнус.