Јотовски го предаде четвртфиналето на фјучрсот во Унгарија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски поради повреда на рамото во вториот сет го предаде денешниот меч од четвртфиналето на фјучрсот во Унгарија што се игра во градот Замарди за награден фонд од 15.000 долари.

Неговиот противник Никола Кун од Шпанија имаше водство од 6:1 и 3:0 во гемови во моментот на прекин на мечот.

Јотовски покрај повредата имаше и два исцрпувачки меча во првите две кола кога мина речиси шест часа на теренот за да постигне две победи, а притоа одигра и два меча во конкуренција на двојки.

Доколку се биде во најдобар ред со повредата, Јотовски во текот на викендот треба да настапи на мечеви во германската лига, а потоа и на фјучрс во Босна и Херцеговина. Ако повредата е од посериозен карактер тој ќе се врати во Скопје.

Би можело да ве интересира

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Наум Локоски

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Наум Локоски