Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во второто коло на ИТФ Фјучер турнирот во Сараево, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Во мечот од првата рунда, одигран попладнево, Јотовски во два сета беше поразен од италијанскиот тенисер Фабо Меркури, кој е на 1.092 позиција на АТП ранг листата.
Првиот сет мина во израмнета борба, а Јотовски загуби три гема на свој сервис, па Италијанецот го доби сетот со 7:5. Слично беше и на почетокот на вториот сет кога Меркури, направи брејк за водство од 3:1, но Јотовски веднаш успеа да врати со ри-брејк.
Сепак лошиот сервис кој резултираше со дури пет двојни сервис грешки, беа и главната причина поради која нашиот тенисер не успеа во целост да се врати во игра, па Меркури го доби и вториот сет со 6:3 за конечни 2:0.