Јотовски дел од фјучрс турнир во Тунис

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски по неколку неделна пауза од настапи на фјучрс турнирите од утре ќе се врати во натпреварувачки ритам. Изминатиов период тој се подготвуваше во Скопје, а сега го очекуваат настапи на три фјучрс турнири во Тунис.

Јотовски, кој е рангиран како шести носител утре во првото коло ќе има незгоден противник Лоран Рошете од Франција. Ривалот има 29 години, а пред пет години го имаше најдобриот ранг (202 место на АТП листата), но имаше и пауза од настапи. Сега Рошете се наоѓа на 1.056 место, а во минатото има победи на 12 фјучрс турнири.

Нашиот тенисер на турнирот ќе настапи и во игра на двојки, каде со Горан Марковиќ од Србија се рангирани како четврти носители. На крајот од утрешната програма тие ќе играат против Дарко Бојановиќ од (БиХ) и Андреј Чепелев од Русија.

Би можело да ве интересира

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Наум Локоски

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Наум Локоски