Јончевски: Се надевам дека ова е добар почеток

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм со триумф се враќаат од тешкото гостување во Унгарија каде синоќа во натпревар од 17.коло од АБА лигата го победија Шолнок со 76:73. На своето деби тренерот Александар Јончевски стартуваше со победа.

– Оваа сезона јас сум четврти тренер на овој тим. Се надевам дека ова е добар почеток и дека ќе има позитивно влијание на другите натпревари. Сметам дека напорната работа изминативе денови даде резултат. Честитки за кошаркарите, изјави по натпреварот Јончевски.

Американецот Дион Диксон дуелот го заврши со 10 поени, а по натпреварот истакна дека одиграле добар натпревар и имале контрола над играта.

– На крајот среќни сме поради остварената победа, рече Диксон.

Ова за кошаркарите на МЗТ Скопје беше втора победа постигната на гости сезонава, додека во Скопје имаат четири триумфи.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он