Јокиќ го реши дуелот на најдобрите тимови во лигата

Од:

Кошаркарите на Денвер Нагетс забележаа победа во дуелот со Бостон Селтикс 123:111. Дуелот на лидерите во своите конференции го обележа Никола Јокиќ со деветтиот трипдабл во сезоната.

Јокиќ натпреварот го заврши со 30 поени, 12 скока и 12 асистенции. Српскиот кошаркар погоди десет од 13 удари од поле, додека не погрешно од линијата за слободни фрлања – осум од осум.

Брус Браун додаде 21 поен за победничкиот тим, Мајкл Портер 19, Арон Гордон 18, а Бони Хајланд 17 поени.

Во редовите на Бостон најдобар беше Џејлен Браун со 30 поени, додека Џејсон Тејтум натпреварот го заврши со 25 поени.

Ова е седма победа за Денвер во последните осум натпревари и е прв во поредокот на Западната конференција со 24 победи и 12 порази. На спротивната страна Бостон ја прекина серијата од четири триумфи и е лидер на Истокот со скор 26/11.

Во останатите натпревари од вечерта Мемфис на домашен терен го победи Сакраменто со 118:108 и со тоа го забележа третиот триумф во низа, а 23. во сезоната. Најзаслужен за тоа беше Џа Морант со 35 поени, додека кај поразениот тим најдобар беше Диарон Фокс со 19 поени.

Петтата последователна победа забележаа кошаркарите на Вашингтон кои славеа против Милвоки со резултат 118:95. Руи Хачимура беше најефикасен во тимот на Вашингтон со 26 поени, додека Милвоки, кој настапи без првата ѕвезда Ханис Адетокумбо, го предводеше Боби Портис со 19 поени и 10 скока.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Официјално: Никола Јокиќ игра на ОИ

Јокиќ: Исто како и во коњски трки, не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Јокиќ незапирлив за Денвер, Дончиќ и Ирвинг не беа доволни за победа

Божикен трипл-дабл на Јокиќ, Тејтум и Браун го декласираа Милвоки

Нова „ѕверска“ партија на Јокиќ за 80. трипл-дабл во НБА лигата

Горан Наумовски