Јелениќ: Катастрофа, Краљ скокна во морето

Од:

Претседателот на ватерполо клубот Црвена ѕвезда, Виктор Јелениќ потврди дека голманот, Александар Краљ морал да скокне во морето во Сплит, откако претходно неколкупати бил удрен од страна на напаѓачите.

Според него за среќа, голманот не се здобил со потешки повреди, вели тој, коментирајќи дека ова е катастрофа и срамота.

Според хрватските медиуми, четворица ватерполисти на Црвена ѕвезда беа нападнати во Сплит пред натпреварот со Морнар во регионалната лига.

Ватерполо клубот Морнар остро ги осуди напади над ватерполистите на црвена ѕвезда, изјави секретарот на клубот, Вили Мариниќ.

„Дознавме дека неколку ватерполисти биле нападнати во Сплит, за време на нивното слободно време по тренингот, непосредно пред утакмицата. Нашиот клуб остро ги осудува ваквите напади, како и секаков вид на насилство, како во спортот, така и надвор од него,“ рече Мариниќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Психијатар од Сплит измачувал 67 кучиња и два волка: Ова е логор

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха