Јелена Јанковиќ ја елиминираше двојната шампионка на Вимблдон, Петра Квитова

Од:

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ го направи најголемото изненадување во третото коло на Вимблдон откако попладнево со 2:1 во сетови ја победи ланската шампионка Петра Квитова. Јанковиќ во осминафиналето ќе игра против Агнешка Радванска.

Двократната шампионка Квитова (2011 и 2014 година) го доби првиот сет со 6:3, а во следните два сета Јанковиќ беше поуспешна со 7:5 и 6:4 во гемови.

На женскиот дел од турнирот денеска победи и пласман во осминафиналето изборија уште: Каролине Возниачки, Медисон Кејс, Моника Никулеску, Гарбине Мугуруза, Тимеа Башчински, Олга Говорцова и Агнешка Радванска.

Во машка конкуренција пласман во следната рунда по денешните победи изборија: Рожер Федерер, Марин Чилиќ, Иво Карловиќ, Виктор Троицки и Роберто Баутиста.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ривалите на Ѓоковиќ и на Федерер ги предадоа мечевите во вториот сет од првото коло на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, елиминирана и во двојки

Наум Локоски

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Дождот пречка за годинешниот Вимблдон

Наум Локоски

ВИДЕО: Како танцуваа Новак и Серена?

Ана Ололовска