Јапонецот Јошиде Кирју, на митингот во Хирошима, со време 10,01 секунди, го израмни светскиот јуниорски рекорд на 100 метри.
17-годишниот спринтер патеката ја претрча со идентично време како и Дарел Браун од Тринидад и Тобаго во 2003 година, тој воедно стана најмладиот спринтер во историјата со вакво остварување.
Резултатот на Кирју е за само две стотинки ппослаб од рекордот на Азија, кој е во сопственост на Катарецот Самјуел Френсис, а за една стотинка времето е послабо од сениорскиот рекорд на Јапонија, кој е во сопственост на Коијо Ито.