Јаневски повторно ги собира репрезентативците

Од:

По кусиот тридневен одмор најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија утре повторно се собира во пресрет на пријателскиот дуел со Норвешка во Осло. Во понеделникот Македонија загуби (0:1) од Шведска во Малме, а селекторот Чедомир Јаневски со неколку промени во составот ќе настапи во главниот град на Норвешка.

Дополнително е повикан играчот на данската екипа Мјалби, Даниел Ивановски. Од другите играчи кои не беа во комбинација за натпреварот со Шведска на подготовките ќе се приклучат Бобан Грнчаров, Величе Шумуликовски, Душан Савиќ и Адис Јаховиќ.

Повредата е причина Ванче Шиков да го пропушти овој натпревар, додека неизвесни се Даниел Георгиевски и Дарко Тасевски. Стефан Ристовски и Александар Трајковски се на подготовки со  репрезенетација до 21 година која в сабота има настап против Азербејџн од квалификациите за Европското првенство. Од порано беше најавено дека овој натпревар ќе го пропушти и Николче Новески.

Собирот на репрезентацијата е утре (петок) во 12 часот во хотелот „Александар Палас“. Првиот тренинг репрезентивците ќе го одработат  истиот ден во 18 часот и 30 минути на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, в сабота ќе се тренираа во 10 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска