Јаневски: Освоивме важни три бода

Од:

После натпреварот со Шкупи и освоените три бода, шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски задоволен од победата. Истакна дека и покрај заморот кој што е очигледен поради европските натпревари, неговите момци стигнале до вредни три бода со екипа која во последно време имаше добри резултати.

– Јас и претходно реков дека европските натпревари не чинат многу сила, многу енергија. Тоа се виде и на овој натпревар. Во прво полувреме 15-20 минути и во второ во првите минути бевме доминантни. Не искористивме неколку шанси да го отвориме порано резултатот. Како одминува крајот на натпреварот, заморот е очигледен кај играчите, а од нас нормално се бара победа на секој меч. Ова беа три добри и важни бодови за нас против противник кој што во последните шест меча нема пораз.

Еден компактен тим, и можам да кажам дека и на овој меч доста енергија потрошивме за да дојдеме до победата. Ќе мора да ги освежиме играчите и тоа ќе го сториме, и се надевам дека дел од повредените играчи ќе се вратат и ќе имаме голем број на фудбалери за да може да ротираме без да го ослабиме нашиот тим на секој натпревар, изјави Јаневски за клупската веб страница.

Вардар попладнево го победи Шкупи со 1:0 и се искачи на второто место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска