Јаневски очекува континуитет во добрите резултати на репрезентацијата

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на денешната средба со новинарите информираше за состојбата во репрезентацијата пред пријателскиот натпревар со Словенија од кој очекува позитивен резултат.

– Иако се работи за пријателски натпревар очекуваме тежок меч, кој за нас е добредојден и многу важен поради задржување на континуитетот на добри резултати по успехот во квалификациите со Србија. Одиме на позитивен резултат и сите треба во него да влеземе сериозно, како јас така и сите повикани играчи, рече Јаневски.

Тој ги потенцира квалитетите на словенечката репрезентација.

– Словенија е репрезентација која високо котира на ФИФА листата, составена од фудбалери кои настапуваат во силни првенства, во Германија, во Италија, во Холандија, како и фудбалери од домашното првенство, од тимот на Марибор кој настапува во УЕФА купот и затоа очекувам тежок дуел, изјави Јаневски

Македонскиот селектор ги ослободи од обврските за овој дуел Горан Пандев и Николче Новески, додека Горан Попов и Стевица Ристиќ не добија повик не само поради нарушување на атмосферата во репрезентацијата пред средбата со Србија, туку и поради слабите нивни настапи на првите три квалификациски дуели.

– Не се откажавме од Попов и Ристиќ, вратата за нив во репрезентацијата е отворена. Но, јас од нив очекував да покажат многу повеќе на трите натпревари, тие не го дадоа својот максимум и затоа јас како селектор се обидувам да најдам замени за играчите кои не се во форма.

Јаневски нема да го менува стилот на играта, останува истата концепција, а на новоповиканите е да ја искористат евентуално добиената шанса и да се наметнат.

Македонскиот селектор смета дека се уште е рано еден од најперспективните македонски фудбалери Давид Бабунски да настапува во сениорската репрезентација, но остави простор за негов ангажман на некој од следните натпревари.

Пријателскиот натпревар Македонија – Словенија ќе се одигра в среда на Националната арена Филип Втори во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска