Јаневски го објави списокот за Велс и Шкотска: Се уште не го враќа Попов

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Велс и Шкотска, кои ќе се играат на 6 и 10 септември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Нашиот национален тим првиот собир ќе го има в понеделник, на 2 септември во 12 часот во хотелот „Александар Палас“.

На повикот на селекторот Јаневски треба да се јават 22 фудбалери. Во составот на „црвено-жолтите“ повторно не е дефанзивецот Горан Попов, додека се враќаат Александар Лазевски, како и Бобан Грнчаров и Дарко Тасевски, кои не настапија на пријателската контролка против Бугарија. Поради повреда ќе отсуствува играчот од средниот ред на Сен Гален, Мухамед Демири, а не е на репрезентативниот список ниту Ферхан Хасани, кој не добива шанса во Волфсбург.

– Не очекуваат исклучително важни и тешки натпревари. Против Велс и Шкотска започнува нашата битка за подобар пласман во квалификациите, имаме шанса за трето место во групата, и тоа е доволен мотив за сериозен пристап во двете пресметки. Најголем дел од играчите беа на списокот и на пријателскиот натпревар со Бугарија. Повикавме 22 играчи, во неполна седмица не очекуваат два натпревари, а наша тенденција е на секоја позиција да имаме по двајца фудбалери за да се заштитиме од евентуални повреди или суспензии поради картони. Во тимот се враќаат Грнчаров, Тасевски и Лазески. Ситуацијата во нашата група е прилично комплицирана, нашата цел е да го подобриме пласманот и затоа подготовките и сериозноста во пристапот се многу значајни за нас. Повеќето од фудбалерите веќе се во натпреварувачки ритам и сметам дека квалитетно ќе одговорат на повикот. Велс е сериозна репрезентација, исклучително квалитетна и борбена, селекција која „бега“ од типичниот, островски начин на игра. Имаат неколку фудбалери од Премиер лигата, го имаат Герет Бејл, веројатно се враќа Белами, и мораме да ги респектираме, но ќе повторам, пристапот и нашата желба е најважна. Се надевам дека ќе добиеме и голема поддршка од навивачите – изјави селекторот Чедомир Јаневски.

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија).

Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев, Бугарија), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Николче Новески (Мајнц 05, Германија), Ванче Шиков (Волин, Украина), Александар Лазевски (Говерла, Украина), Даниел Георгиевски (Стеауа, Романија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Даниел Ивановски (Мјалби, Шведска).

Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска), Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел), Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија).

Напад: Иван Тричковски (Беверен, Белгија), Горан Пандев (Наполи, Италија), Мирко Ивановски (Астра, Романија), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Александар Трајковски (Зулте, Белгија), Адис Јаховиќ (Вил, Швајцарија), Јован Костовски (Леувен, Белгија).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска