Јаневски го објави списокот на фудбалери за дуелот со Бугарија

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Бугарија закажан за 14 август во Скопје.

За првпат на А селекцијата и се приклучува Давид Бабунски од Барселона, додека од домашното првенство е повикан најдобриот стрелец од минатата сезона, Јован Костовски од Вардар.

– Ова е последна проверка пред квалификациските натпревари со Велс и Шкотска во септември, затоа иако сега е подготвителен период во сите клубови, се одлучив да повикам играчи кои имат минутажа и се активни во своите клубови. Овој натпревар не е за да експериментирање како што направивме со Шведска и Норвешка во јуни, затоа треба да го сфатиме многу сериозно, изјави Јаневски за веб страната на ФФМ.

Јаневски информира дека е остварен контакт со сите повикани, а Горан Попов не успеал да го добие и покрај вложените напори.

На списокот на Јаневски се наоѓаат:

Голмани: Томе Пачовски (Мехлен – Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт – Романија) и Дарко Тофилоски (Кошице- Словачка).

Одбрана: Александар Тодоровски (Штурм – Австрија), Даниел Георгиевски (Стеауа – Романија), Стефан Ристовски (Латина – Италија), Николче Новески (Мајнц – Германија), Ванче Шиков (Волин – Украина), Даниел Мојсов (Бран – Норвешка) и Даниел Ивановски (Мјалби – Шведска).

Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков – Полска), Стефан Спировски (Борац Чачак -Србија), Никола Глигоров (Кхазар Ланкаран – Азербејџан) и Давид Бабунски (Барселона – Шпанија).

Напад: Александар Трајковски (Злуте – Белгија), Агим Ибраими (Марибор – Словенија). Иван Тричковски (Беверен – Белгија), Мирко Ивановски (Астра – Романија), Горан Пандев (Наполи – Италија), Адис Јаховиќ (Вил – Швајцарија) и Јован Костовски (Вардар – Македонија).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска