Јаневски демантира дека оди во Олимпијакос

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски денеска преку официјалниот сајт на ФФМ ги демантира пишувањата во некои медиуми дека тој наскоро ќе седне на тренерската клупа на грчкиот клуб Олимпијакос.

– Нема вистина во пишувањата дека преговарам за тренерското место во Олимпијакос. Медиумите објавија сензационална вест само врз основа на мојата приватна посета на Атина. Во Олимпијакос поминав две години од тренерската кариера, таму имам пријатели, нормално е што комуницираме и имаме меѓусебна почит. Бев присутен на натпреварот Олимпијакос – Јанина, како дел од поранешниот тим го поздравив триумфот на Олимпијакос“, изјави селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Јаневски.

Тој најави дека до крајот на неделава ќе го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар со Данска на 6 февруари во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска