Новиот напаѓач на фудбалската репрезентација на Македонија, Адис Јаховиќ, на својата официјална фан страна на Фејсбук пренесе колку е среќен што го облече дресот на нашата репрезентација.
Живеев за тој ден кога ќе го облечам дресот на кој е грбот на Македонија, мојот сон конечно се оствари да играм за мојата земја, дали сум Муслиман или Православен јас си ја сакам оваа земја каде сум се родил и пораснав, тоа сигурно знам дека никој не може да ми го одземе. Те сакам Македонија, напиша Јаховиќ на својот мајчин, босански јазик.