ФИФА го доведе во прашање своето нормално расудување откако го именуваше Лионел Меси за најдобар фудбалер на штотулу завршеното Светско фудбалско првенство.
Ваквата одлука ќе предизвика бурни реакции, особено ако се земе во предид фактот дека Меси ниту на овој Мундијал не ја прекина „клетвата“ од непостигнување на погодок кога е најпотребно, во нокаут фазата од светските шампионати.
Тој беше асистент до Ди Марија при победничкиот гол во осминафиналето против Швајцарија, но потоа одигра потпросечно и против Белгија и против Холандија.
Меси беше своето вообичаено ниво кога е во прашање репрезентативниот дрес, за разлика од Барселона, па се поставува прашањето по кој критериум тој беше избран за најфобар играч на првенството, ако се земе во предвид како одиграа Нојер, Милер, Крос, Швајнштајгер…